Ташев од БАН: Човековите права се во срцето на нашите барања за Скопје

Спас Ташев / фото: архива на Слободен печат

Скопје има воспоставена идеолошка шема наречена дебугаризација. Поради оваа причина, таа се обидува да користи секакви пристапи кои ќе овозможат да се заобиколи основното бугарско барање за зачувување на нашите национални интереси. Ова за БНТ го истакна доц. Спас Ташев од Институтот за население и хуманитарни студии при Бугарската академија на науките.

„Поминавме низ историјата – ова е силен сентимент за секој Бугарин, но стана јасно дека историјата како порака не кажува ништо за нашите евро-атлантски партнери, па се направи делумна надградба на пристапот кон Северна Македонија. Бугарија го сврте своето внимание на правата на човекот“, вели тој.

-Во овој пристап Бугарија најде сојузник на кој сè уште не му се посветува потребното внимание, а тоа се самите македонски Бугари. Тие го покренаа прашањето дека се дискриминирани, маргинализирани, „нивните деца не се ни осмелуваат да одат на училиште затоа што ги исмеваат, вперуваат со прст и кон соучениците и професорите, па се обратиле до шефот на бугарската држава и му ги објасниле сите овие прекршувања “, истакна Ташев.

Нивните барања беа нагласени за прв пат пред два месеци во Словенија, кога бугарскиот претседател Радев многу јасно ги формулираше бугарските цели – преку т.н. „Пристап 5 + 1“.

-Човековите права се во срцето на нашите цели , рече Спас Ташев, додавајќи дека земјите чија агенда беше членството на Северна Македонија во ЕУ почнаа да покажуваат разбирање за бугарските цели.

„Сметам дека со таков пристап Скопје нема можност да маневрира настрана бидејќи не може да одбие да ги исполни барањата“, рече Ташев.

-Зоран Заев, премиерот на Северна Македонија во оставка, не негира дека во земјава има Бугари, но ветува дека ќе им се дадат права кога неговата земја ќе стане членка на ЕУ. Ова е уште еден дискриминаторски пристап, откри Ташев.

Тој го коментираше и фактот дека Северна Македонија води медиумска војна, финансирана од владата во Скопје, која шири лажни информации за Бугарија. „Еден од условите што Бугарија ги поставува е да престане со говорот на омраза.

Доц. Ташев е дециден дека на тема „историја“ бугарската држава не само што нема да се откаже, туку и ќе се надградува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот