Таравари: Само за приватно лекување во Јавно здравство граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат со исти цени како и Македонците

Арбен Таравари / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Граѓаните на Косово Албанија и Србија нема да се изедначат со македонските граѓани во делот на плаќање на партиципација, туку во делот на приватното лекување- вели екс министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците за Слободен печат,  Арбен Таравари.

– Ова практично значи дека цените на странските државјани ќе бидат исти како и за македонските граѓани кои немаат осигурување и се лекуваат во државните клиники и болници. Така ако за снимање на магнетна резонанца приватно во Клинички центар се плаќа 150 евра за сите наши граѓани кои не се осигуреници, толку ќе плати и косовски или албански државјанин, вели Таравари.

Тој објаснува дека ова е овозможено со билатерални договори меѓу државите и дека доколку не се направело странците ќе продолжеле да одат во приватно здравство каде плаќале многу поевтино.

 На ваков начин ги враќаме странските пациенти во Јавно здравство. Порано сите одеа по приватните клиники каде им беше поевтино, вели Таравари.

 

Во Министерсвото за здравство велат дека нема изедначување на цените помеѓу странските државјани и осигурените државјани на РСМ,туку изедначување на цените за приватни здравствени услуги
– Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на РСМ кои се неосигурани и плаќаат приватно. Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу странските државјани и државјаните на РСМ, туку изедначувањето е со приватните пациенти кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување.

Оттука,за овие промени не се потребни никакви промени во законот, бидејќи дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници односно еден ценовник за приватни здравствени услуги. Со оваа промена на странските државјани се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што се промовира јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава конкурентна на пазарот на трудот.

Иста е цената. Македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи се работи за приватна услуга. Тоа значи дека граѓаните кои плаќаат здравствено осигурање во никој случај нема да бидат на било каков начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, државјаните секако партиципација ќе си плаќаат, односно ќе плаќаат поевтино.

Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за во другите клиники.

– До сега плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Сега ќе плаќаат иста цена како и нашите граѓани кои не се осигурани- велат во Министерството.

Вчера министерот Меџити изјави дека косовските граѓани до сега плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното.

– Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион, изјави Меџити.

Изјавата на Меџити предизвика бурни реакции во јавноста, посебно кај лекарската фела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот