Таравари: Прво да ги расчистиме институциите, па потоа да организираме фер избори

Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар / Фото: Архива на Слободен печат

„Ние од синоќа имаме ново мнозинство, мнозинство кое што е за недоверба на оваа Влада, практично овие денови преговараме со уште неколку пратеници се надевам дека ова мнозинство за неколку дена ќе прерасне во бројката 64/65, изјави градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Меѓутоа има интерес од повеќе пратенци кои што се членови на СДСМ, што се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и ДУИ. Имаме и други пратеници кои што се дел од мнозинството и мислам дека треба да се случи промената и државата да почне да чекори кон прав пат, да се декриминализира со еден збор. Ситуацијата е чиста се надевам ќе почнеме да одиме по пат кој го посакува секој граѓанин“, вели тој.

Градоначалникот на Гостивар истакна дека траењето на оваа Влада би била околу година ипол.

 На ваков начин не се организираат избори.Целта им е да се расчистат, дедуизираат, декриминализираат институциите, со цел луѓето да имаат доверба во инститиуциите на ситемот. Дури потоа да се организираат фер и демократски избори, кажа Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот