Таравари: Не разговаравме за влез во Владата, ако има понуда, ќе имаме свои црвени линии

Изјава на Таравари по средбата со Ковачевски/Фото: МИА

В.д претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека разговарале за европскиот пат на земјава и дека не добиле понуда за влез во Владата. Таравари не ја исклучува можноста Алијанса да стане дел од власта ако добијат понуда, но и дека ќе имаат свои црвени линии за да седнат на „Илинденска“.

-Имавме втора средба со Ковачевски по лидерската средба на 7 ноември. Разговаравме за европскиот пат на земјаца, за борбата против корупција и функционирањето на правната држава, како и за блокираните закони кои се дел од европската агенда. Алијанса ја поддржувала и ќе ја поддржува ЕУ-агендата. Денеска не разговаравме за влез во Владата и не сме добиле понуда.

Ако почнеме преговори за тоа ќе одлучи партијата. Ако има преговори ќе имаме црвени линии, а тоа се пакет мерки кои ќе биде нашиот услов за влез во Владата – рече Таравари.

Тој како шпекулации ги оцени информациите за можните ресори кои ќе ѝ бидат понудени на Алијанса за влез во Владата.

Ковачевски денеска нема да ѝ понуди на Алијанса влез во Владата, ќе разговарале за блокираните закони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот