Алијанса со една нога во Влада: Напладне средба Ковачевски и Таравари

Фото: Колаж на „Слободен печат“

Премиерот Димитар Ковачевски напладне го покани в.д.претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари на средба во Владата. Од партијата за „Слободен печат“ брифираат дека Ковачевски ќе му понуди на Таравари Алијанса за Албанците да биде новиот владин партнер.

Според информациите, понудата од Ковачевски ќе биде три министерски позиции за Алијанса да стане дел од владиното мнозинство. Неофицијално има неколку комбинации на ресори кои Ковачевски ќе ги стави на маса пред Таравари.

„Слободен печат“ веќе објави дека понудата за влез на Алијанса на „Илинденска“ ќе бидат три министерства, односно дека по еден ресор ќе треба да отстапат СДСМ, ДУИ и Алтернатива.

Ако Алијанса одлучи да влезе во Владата парламентарното мнозинство ќе се зголеми за плус осум и ќе брои 72 пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот