Тамара е најдобриот женски евровизиски вокал за 2019

Тамара Тодевска благодарение на моќниот вокал и прекрасниот настап на Евровозија оваа година се закити со уште еден трофеј, кој всушност е и прв трофеј за нашата земја од ова натпреварување.

Таа е прогласена за најдобар женски евровизиски вокал за 2019-та година, 23,3 проценти од гласачите за категоријата најдобар женски глас гласале за неа.

Победничката песна „Аркада“ во изведба на Данкан Лоренс од Холандија ја понесе титулата во категоријата за најдобра песна.

Во категоријата најдобар машки изведувач победи Лука Хани од Швјцарија, победникот Данкан се најде на второто место, а Италијанецот Махмуд го освои третото место.

За најдобра група се прогласени норвежаните „КЕИНО“.

На кому ќе му припаднат трофеите одлучуваа фановите и слушателите на евровозискиот натпревар, а гласањето за Радио-наградите на Евровизија траеше од 1 до 10 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот