Тајмс: Бројот на починати од Ковид-19 во домови за стари лица може да е поголем од заболените во болниците

Стари лица / Фото: Marina Kovacevic / Alamy / Alamy / Profimedia

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во домовите за нега на стари и изнемоштени лица во Велика Британија може наскоро да бидат повеќе од оние во болниците. Тоа е поради фактот што тие луѓе се третираат како граѓани од втор ред, објави Тајмс.

Новите податоци укажуваат дека неделата до 17 април биле регистрирани трипати повеќе смртни случаи (7.316) во такви установи во споредба со крајот на минатиот месец.

Експерти предупредуваат дека е можно пикот на смртните случаи во домовите за стари лица се уште да не е достигнат, наведува Тајмс.

Дејвид Шпигехалтер, статистичар од универзитетот Кембриџ, изјави дека дури и кога случаите се намалувале на национално ниво, заразата е се уште огромен проблем во домовите за нега на стари лица.

„Она што го гледаме е масовно зголемување на смртните случаи”, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот