• булевар

На булевар во Кичево украле банер со лого на политичка партија

Синоќа во 23 часот и 20 минути во Одделението за внатрешни работи Кичево, била пријавена кражба на банер со рекламен материјал со лого на една политичка партија и кандидати за пратеници од истата партија, поставен на булеварот „Ослободување” во Кичево. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, велат од МВР.