Таеквондистот Георгиевски на Светското првенство во Баку може да обезбеди норма за Париз 2024

фото: Таеквондо федерација на Македонија

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски моментално се наоѓа на седмото место на официјалната олимписка ранг листа за олимписката таеквондо категорија +80 кг.

Тоа секако Георгиевски го прави најуспешниот македонски спортист во олимписки спорт кој перманентно се наоѓа во самиот олимписки крем во огромната конкуренција.

Нов предизвик за „сребрениот“ од Игрите во Токио, ќе биде официјалното Светско првенство во Баку, Азербејџан каде со добар пласман може може да ја обезбеди нормата за следните Летни олимписки игри Париз 2024.

фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Георгиевска се наоѓа на седмата позиција на официјалната олимписка листа, додека олимписка норма дирекно добиваат првите шест таеквондисти. Шансите за директна норма се изгледни, од тимот на Дејан веруваат дека овојпат нема да има потреба да се оди на дополнителни пеколни квалификации како пред Токио 2020.

Олимпискиот календар за норма се затвора на крајот од оваа година, до тогаш има неколку турнири кои клучно можат да влијаат за норма, Гранд При во Рим, Париз, Манчестер и Европските олимписки игри во Полска.

На престојното Светско првенство во Баку како дел од македонскиот национален тим заминува и таеквондистката Мила Рељиќ која се наоѓа на 46 место на олимписката ранг листа во нејзината олиписка категорија. На 26 Светско Таеквондо првенство во Баку (29 мај – 4 јуни) настапуваат 949 натпреварувачи од 145 земји.

Како што известуваат од Македонската Таеквондо Федерација, в сабота (3 јуни) ќе се бори Мила Рељиќ која чека противничка од Русија и Австралија, додека Дејан Георгиевски ќе настапува в недела (4 јуни).

Потпишан договор за партнерство ЈОМА – МОК

Благодарејќи на договорот за стратешко партнерство меѓу Шпанскиот и Македонскиот олимписки комитет потпишан пред две години од страна на претседателите на двата Олимписки комитети, претседателот на МОК, Даниел Димевски и генералниот менаџер на ЈОМА Алберто Лопез Гонзалез, потпишаа договор за партнерство и соработка.

Со овој договор, најдобрите македонски спортисти и репрезентации, кои ќе учествуваат како дел од Олимписката делегација на МОК на Европските игри Краков 2023, младинските зимски Олимписки игри Гангвон 2024 и Олимписките игри Париз 2024, ќе бидат облечени во спортската опрема ЈОМА, силно верувајќи дека во опремата на ЈОМА, најдобрите македонски спортисти-олимпијци ќе освојот многу медали на гореспоменатите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот