„Таа е на пат да го шокира светот“: Бијонсе подготвува дует со Тејлор Свифт?

Фото: Christopher Polk / Getty images / Profimedia

Американската пејачка Бијонсе го најави новиот албум „Renaissance: Act II“, кој ќе биде во кантри стил, а голем број обожаватели шпекулираат дека една од гостите на албумот ќе биде и мегапопуларната Тејлор Свифт.

Оваа претпоставка ја поттикна продуцентот Кила Би, кој соработуваше со Бијонсе. Тој за време на директен пренос на „Ти-ем-зи“ одговараше на прашања за соработката на двете пејачки.

„Да речеме дека Бијонсе е на пат да го шокира светот. Ќе ѝ дозволам на вашата имагинација да одлучи што значи тоа“, рече тој откако фановите шпекулираа на социјалните медиуми.

„Не би ме изненадило ако Бијонсе и Тејлор направат заедничка кантри песна“, „Што ако Бијонсе и Тејлор соработувале на кантри песна заедно?“, пишуваат обожавателите на социјалните медиуми.


Сепак, извор изјави за „Ентерејмент викли“ дека Свифт на ниту еден начин не се појавува на новиот албум на Бијонсе. Ниту Тејлор, ниту Бијонсе не ги искоментираа шпекулациите.

Новиот студиски албум на Бијонсе, „Renaissance: Act II“, ќе излезе на 29 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот