СЗО: Заканата од пандемија на коронавирус сега е многу реална

Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска потенцираше дека заканата за пандемија од новиот коронавирус е „многу реална“.

– Заканата е реална. Но тоа би била прва пандемија во историјата која би можеле да ја контролираме, вели претседателот на СЗО.

– Она што е навистина значајно е дека не сме оставени на милоста на вирусот, потенцираше претседателот на СЗО на денешниот брифинг со новинарите.

– Мора да запомниме дека со секоја правовремена одлука можеме да го забавиме коронавирусот и да спречиме нови зарази. Меѓу оние кои се заразени, повеќето ќе оздрават, потенцира Гебрејесус на Твитер.

– Во Кина веќе 70 отсто од заболените оздравеја, појасни Гебрејесус, истакнувајќи дека дури 93 отсто од сите случаи на зараза се забележани во само четири држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот