СЗО: Сојот омикрон е регистриран во 38 држави, без смртни случаи

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Новата варијанта на коронавирусот – омикрон е идентификуван во 38 земји ширум светот, но досега не се пријавени смртни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Си-Ен-Би-Си њуз.

– Немам никакви информации за смртни случаи поврзани со омикрон, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер во.

Шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на СЗО Марија Ван Керхове информира дека омикрон е регистриран во 38 земји.

СЗО соопшти дека потребни се неколку недели за да се добие попрецизна слика за потенцијалното влијание на омикрон, за да се одреди степенот на заразност, јачината на вакцините, како функционираат тестовите и третманите.

– Прелиминарните податоци се чини дека укажуваат на поголема зараза, а тоа е главно сè што знаеме досега, рече Линдмаер.

Директорот на СЗО за итни ситуации Мајкл Рајан рече дека организацијата ќе ги добие одговорите што му се потребни на светот.

– Сега треба да имаме доверба во науката, да бидеме трпеливи и да не се плашиме. И засега не е неопходно да се менуваат вакцините што ги користиме, рече Рајан и апелираше до луѓето да се вакцинираат.

Сепак, тој додаде дека сега се прави многу за да се види како тие вакцини би можеле да се променат доколку треба да се променат.

Новата варијанта на вирусот, која СЗО го опиша како загрижувачка, првпат беше пријавена во јужна Африка на 24 ноември.

Иако првите инфекции надвор од јужна Африка беа главно поврзани со луѓе кои патуваа во регионот, во САД и Австралија се појавија првите случаи на локално пренесување.

СЗО процени дека е „голема” веројатноста омикрон да се прошири на глобално ниво, иако остануваат многу непознаници.

Портпаролот на СЗО потсети дека денес најголем број случаи на ковид-19 се предизвикани од варијантата делта.

– Рестрикциите воведени во многу земји пред само две недели беа воведени поради зголемениот број случаи поврзани со Делта варијантата, не треба да го заборавиме тоа, рече портпаролот на СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот