Светски ден на мултиплекс склероза: Ги напаѓа младите жени, a како да ја препознаете болеста?

Mултиплекс склероза / Фото: Profimedia

Мултиплекс склероза е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, инфламаторна и дегенеративна болест на централниот нервен систем.

Позната е како „болест со 1.000 лица“, бидејќи не е лесно да се дијагностицира, причината за нејзината појава не е сосема разјаснета, а текот на болеста е тешко да се предвиди.

Настанува кога имунолошкиот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ’рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователна дегенерација, што води до прекин на невротрансмисијата на сигналот од една нервна клетка до друга

Сложена дијагностика

Во раниот стадиум на мултиплекс склероза може да се појави замор, губиток на сила (мускулна слабост, намалување на острината на видот и „мешање“ на боите, две слики, нестабилност во одењето, вртоглавица, отежната координација во движењата, тремор (треперење), пречки во контролата на уринирањето и столицата, отежната концентрација, анксиозност, депресија, сексуално тешкотии... Симптомите често „доаѓаат и заминуваат“ во неколку дена, па многу болни на почетокот не бараат медицинска болест.

Симптомите се разликуваат од личност до личност, во зависност од тоа кој дел од средниот нервен систем е најмногу погоден од оштетувањето, па болеста нема никаков „образец“ според кој лесно би можела да се препознае. Во дијагностиката најмногу помага анализата на ликвор (течност која го обвиткува мозокот и ‘рбетниот мозок), како и магнетната резонанца (МР) на мозокот и/или на ‘рбетот со помош на која може да се видат подрачјата на воспаленијата и оштетувањата на миелинските обвивки.

Најчеста во западното општество

Причините за мултиплекс склероза не се сосема познати, но се смета дека тоа е автоимуна болест кај која организмот погрешно произведува антитела кои ги напаѓаат миелинските обвивки. Исто така, се смета дека настанувањето на МС може да го поттикне наследната склоност, стресот, неправилната исхрана и влијанието на животната средина. Некои научници ја застапуваат теоријата според која вируси и бактерии го поттикнуваат развојот на МС.

Со правовремено лекување може да се избегне инвалидитет

МС може да се појави на секоја возраст, но најчеста е помеѓу 20. и 45. година од животот. Жените заболуваат 2-3 пати почесто од мажите.

Голем број од болните не знаат кои можности за лекување им се на располагање, ниту која терапија е достапна за сите пациенти. Иако засега не постои „конечен“ лек за МС, на заболените може да им помогнат многу лекови кои го спречуваат влошувањето на болеста. Текот на болеста е тешко да се предвиди, бидејќи често се сменуваат влошувања и подобрувања, но со правовремено лекување, појавата на инвалидитет може да се „одложи“ 20-30 години или дури може сосема да се спречи.

Мултиплекс склероза е најчеста во северните краеви на Европа и САД, додека е ретка во тропите и на Далекиот исток. Затоа се претпоставува дека на МС влијае климата, но и начинот на живот – на пример, на Далекиот исток исхраната е многу побогата со есенцијални масни киселини (риба и морски плодови, семиња и природни растителни масла) кои дејствуваат противвоспалително и се важни за здравјето на нервниот систем.

Со различните лекови кои ги ублажуваат симптомите и/или го оневозможуваат влошувањето на болеста, помага и умерената телесна активност (на пр. пливање, јога) и физикалната терапија, односно вежбањето со помош на физиотерапевт.

Не постои конечен лек

Иако не постои познат лек за мултиплекс склероза, неколку терапии се покажаа како корисни. Примарната цел на терапијата е враќање на функциите по нападот, спречувајќи нови напади, и спречување инвалидност. Некои пациенти користат и алтернативни третмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот