Светската ортодонтска елита на Балканскиот конгрес на ортодонти во Охрид

фото: МИА

Повеќе од 300 стоматолози специјалисти од областа на ортодонцијата, како и универзитетски професори од Македонија, државите од регионот, но и целиот свет се дел од годишниот Балкански ортодонтски конгрес и 4. Конгрес на Македонското ортодонтско друштво што викендов се одржува во Охрид.

На овој еминентен научен собир предвидено е врвни експерти по ортодонција преку повеќе предавања да презентираат светски новини и методи во областа, свои искуства во професионалниот ангажман, како и да спроведат практични обуки, работни курсеви за учесниците на собирот.

Во Охрид моментално се наоѓа светската ортодонтска елита меѓу кои претседателите на светската и на европската асоцијација на ортодонти, шефови на катедри на светски признати универзитети. Дел од научната фела на Конгресот се и неколку светски признаени експерти со македонско потекло како Васка Вандевска Радуновиќ која е шеф на катедрата за ортодонција на Универзитетот во Осло и иден претседател на Европсата ортодонтска асоцијација. Тука е и Ана Ангелова Волпони, светски признато име од областа, дел од научниот тим за биоинжинеринг што работи на создавање заб од дентални матични клетки.

За првпат покрај експертски предавања и дискусии од ортодонцијата, цела една сесија на овој научен собир е посветена на етиката односно на етичките прашања во ортодонцијата, што е невообичаена пракса за специјализирани научни конференции. Иницијативата за стручна расправа по прашањата од етиката е на организаторот на настанот, како се поизразените потреби од етичко одлучување на ортодонтите, како во секојдневниот нивен професионален ангажман, особено во научните истражувања од областа. Специјалистот Игор Кировски ќе биде назначен за член на Етичкиот комитет на Европската федерација на ортодонти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот