Светот веќе не може да толерира војни, треба да разговараме и да го спуштиме оружјето, порача папата
Треба да разговараме и да го спуштиме оружјето, порача денеска папата Лав XIV, нагласувајќи дека „светот повеќе не може да толерира конфликти“ и повикувајќи на крај на „воениот варваризам“, пренесува Анса.
Препорачано
Тој зборуваше за својата длабока болка поради израелскиот напад врз единствената католичка црква во Газа. Во нападот беа убиени три лица, а неколку беа повредени, вклучувајќи и еден парохиски свештеник, во нападот врз комплексот на црквата „Свето Семејство“ во градот Газа во четврток.
По неделната молитва, папата ги прочита имињата на убиените во инцидентот.
„Апелирам до меѓународната заедница да го почитува хуманитарното право и обврската за заштита на цивилите, како и забраната за колективно казнување, неселективна употреба на сила и присилно раселување на населението“, рече папата.
Тој додаде дека мора да се молиме и да имаме доверба во Бога. Папата се обрати на печатот по мисата во катедралата во Албан, каде што зборуваше и за ситуацијата во Газа.
„Инсистиравме на потребата од заштита на светите места“, рече тој.
Папата Лав XIV истакна дека е важно „заеднички да се работи на тоа и да се остават омразата и насилството зад себе“.


