Светот му фаќа сеир на Марк Закерберг поради невообичаена техника за заштита од сонце (ФОТО)

профимедиа

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг (36) моментално е на летување, а папараците успеаа да го забележат во опуштен момент. Сопственикот на Фејсбук поминувал време уживајќи во спортовите на вода кога бил забележан, а сите веднаш го приметиле начинот на кој Закерберг се штити од сонце.

Прочуениот бизнисмен има значително блед тен, поради што очигледно многу строго внимава и користи креми кои овозможуваат заштита од УВ зрачење, а сега ставил најмалку прст дебел слој, па изгледал како да носи маска од прочуениот Мајк Маерс од хорор серијалот „Ноќта на вештерките“.

И додека голем дел од твитерџиите одлично се забавуваат, нема малку теоретичари на завери кои се прашуваат дали Закерберг поради своите врски во американските институции и богаташки кругови, знае нешто за зрачењето што на нас „обичните луѓе“ ни избегнало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот