Суровикин е уапсен, шурувал со Пригожин – тврдат руските независни медиуми

Фото: Mikhail Klimentyev / Russian Presidential Press and Information Office / TASS

Генералот Сергеј Суровикин, заменик-командант на заедничките руски трупи војници Украина, е уапсен, објави денеска весникот „Москоу тајмс“, повикувајќи се на два извора блиски до руското Министерство за одбрана. Засега нема официјални соопштенија од руските власти околу ова.

„Таму разговорот со него не беше во ред. За власт. Не можам да кажам ништо повеќе”, ја коментирал причината за апсењето еден од изворите.

„Во контекст на Пригожин. Очигледно Суровикин застана на страната на Евгениј Пригожин за време на бунтот и тие го фатија за ј***“, вели друг извор на независниот весник. На прашањето каде е сега генералот, тој одговорил: „Ние не ги коментираме овие информации ниту по интерни канали“.

Гласините за апсењето на Суровикин претходно ги објави воениот блогер Владимир Романов. Според него, генералот бил уапсен уште на 25 јуни, ден по бунтот на Вагнер предводен од Евгениј Пригожин. Според него, Суровикин се наоѓа во истражниот затвор Лефортово.

Суровикин, наводно, однапред знаел за плановите на Евгениј Пригожин да започне вооружен бунт против руското воено раководство, објави претходно „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со разузнавањето.

Според „Москоу тајмс“, тие сега наводно се обидуваат да откријат дали Суровикин помогнал во планирањето на бунтот што се претвори во марш кон Москва и стана најсериозна закана за режимот на претседателот Владимир Путин за време на неговите 23 години на власт.

Според изворот на весникот, не е сосема јасно дали Суровикин бил свесен за бунтот на Пригожин. „Тој не се однесуваше многу покорно кога доби задача да го чита текстот пред камера, беше премногу одважен кон раководството“, вели изворот. Поради тоа, според неговите зборови, може да се добие впечаток дека Суровикин е дел од „Коалицијата Пригожин“.

„За непријатели ги смета и борците и цивилите“: Кој е Суровикин, новиот руски командант во Украина?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот