Суперзабавни декорации на велигденската трпеза со помош на салфети -зајчиња, рози, гнездо за птици…(ВИДЕО)

Велигденската трпеза ќе биде весела доколку ја декорирате во симболите на празникот –  морковчиња, пилиња, јајца, зајчиња…. А платнените салфетки на масата за свечениот неделен ручек во домот, можат да ја одиграат главната улога во декорирањето.

Само малку фантазија ви е неопходна сами да направите оригинални декорации. Наш фаворит е зајчето направено од платнени салфети со кое ќе ги импресионирате особено дечињата.

Следете ги упатствата од видеото и за само неколку минути ќе успеете да го направите зајчето. доколку немате платнини салфети со димензии 50х50, може да користите и хартиени.

Најпосле, зајченцето не мора да биде само на велигденската трпеза, може да ги искористите и за прослава на детскиот роденден во домашна изолација, како и за други радосни настани.

Во продолжение ви предлагаме уште неколку интересни идеи за декорирање на масата со помош на салфети. 

Видеата ви презентираат како на лесен начин од платнена салфетка да направите гнездо за велигденските јајца, роза и елегантен џеб за приборот за јадење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот