Суперлига: Еурофарм Пелистер едвај против Тинекс Пролет, 17 гола на Филип Кузмановски

фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер потешко од очекувањата дојде до победа над Тинекс Пролет (32:29) во четвртото коло од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига.

Играчите на Бранислав Ангеловски едвај успеаја да го скршат отпорот на составот на Александар Јовиќ. Тинекс Пролет во долги периоди од мечот целосно му парираше актуелниот шампион, кој во самиот финиш со неколку седмерци успеа резултатски да се одлепи и да стигне до победата.

Домаќините беа подобар противник на самиот почеток, тргнувајќи фуриозно и поведувајќи со 5:2. Тинекс Пролет најпрвин ја стабилизираше играта (6:3, 7:4), а откако Пелистер поведе со 10:6 гостинскиот тим влезе во топ-ритам и почна да ја топи предноста на противникот. Капитенот Ласко Андоновски презеде одговорност постигнувајќи три гола во завршницата од полувремето, по што на одмор се замина со 16:13.

Гостите потоа почнаа одлично и во второто полувреме, експресно намалувајќи на 16:15 преку Палевски и Арсеновски. Еурофарм Пелистер Пелистер дојде до 23:20 и 24:21, но следеше нова фантастична серија на Тинекс Пролет. Ангеловски побара тајмаут, но серијата на Тинекс Пролет продолжи и со головите на Мајнов и на Димковски стигна до израмнување од 25:25.

Во завршницата домашниот состав преку досудени дури пет седмерци во завршните десет минути што Филип Кузмановски успеа да ги реализира, го скрши отпорот Тинекс Пролет за конечни 32:29 во Битола.

Филип Кузмановски со 17 гола беше најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер, додека Андоновски и Димовски со по шест погодоци беа најефикасни на спротивната страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот