„Супер Марио“ Балотели ќе му биде соиграч на Пандев!?

фото: твитер

Се вели дека Џенова е во преговори за да му понуди едногодишен договор на Марио Балотели по последното неуспешно искуство во Бреша.

Според „Ла Гаѕета дело Спорт“ и „Спорт Италија“ играчот бил предложен до клубот од агентот Мино Раиола. Отпрвин, тие се двоумеа, но сега започнаа разговори околу личните услови.

Балотели е слободен агент по една сезона во Бреша, иако тој не играше после долгата пауза поради коронавирусот поради несогласувања со клубот. Новиот директор на Џенова, Даниеле Фаџано е фан Балотели и се обиде да го ангажира во редовите на Парма.

Можно е Балотели да потпише договор на една година со Џенова со опција за продолжување на соработката на уште една година. Балотели неодамна наполни 30 години и минатата сезона постигна пет гола на 19 натпревари во Серија А за Бреша.

Останува да се види дали „Супер Марио“ ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој запиша гол во првиот натпревар од сезоната во победата дома над Кротоне (4:1).

„Гранде Пандев“ со мајсторија уште на стартот во Серија А! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот