„Супер Глоуб“: Познат можниот ривал на Вардар во четвртфиналето

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во организација на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), Вардар ќе настапи на турнирот кој ќе се одржи од 27-31 август во Саудиска Арабија.

На „Супер Глоуб“ покрај „црвено-црните3 ќе играат и екипите на: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен победник), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија) и Кил (Германија). Екипите се поделени во две групи и се игра по принципот на елиминација.

rkvardar.mk

Вардар ќе игра директно во четвртфиналето и таму за прв противник ќе го има побендикот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк. Со оглед на тоа дека Вардарци се фаворити, евентуален ривал во полуфиналето би бил бундеслигашкиот гигант Кил.

Лани нашиот првак кој моментно е на подготовки во Требиње (Босна и Херцеговина) каде ќе одигра три контролни натпревари, пред две сезони исто така играше на Супер Глоуб и го освои третото место.

Да додадеме уште дека стартува приоритетната продажба на билетите за новата натпреварувачка сезона на двоjниот европски шампион. На повеќе од 45 денови од првиот домашен натпревар во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите во ЛШ, против Порто од Португалија продажбата на сезонските билети за сезоната 2019/2020, годинава ќе почне во среда, 7 август и ќе трае до 9 септември 2019. Повеќе информации ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот