Судот во Лондон го отфрли барањето за кауција на Асанж

Џулијан Асанж
Џилијан Асанж / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Судот во Лондон го одби барањето за кауција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во затвор, објави денеска „Скај Њуз“.

Одбивањето на кауцијата следува откако британскиот суд во понеделникот одби да го испорача Асанж во САД поради неговата психичка состојба, односно стравувањата дека може да изврши самоубиство доколку биде екстрадиран.

Асанж не е виден во јавност како слободен човек од 2012 година, кога побара засолниште во еквадорската амбасада во Лондон.

Еквадор му одобри политички азил, што предизвика дипломатски превирања во Велика Британија, иако по седум години стана непосакуван гостин и членовите на „Скотланд јард“ влегоа во амбасадата и го уапсија.

Граѓаните на Лондон последен пат го видоа Асанж во април 2019 година, кога полицијата го спроведуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот