Судир меѓу турски и сириски војници – жртви имаат и двете страни

Најмалку шест турски војници загинаа, а седуммина се повредени откако биле нападнати во сириската провинција Идлиб. Туркото министерство за одбрана соопшти дека турски сили биле испратени во Идлиб и оти се нападнати, но за своето движење ги известиле локалните власти.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истакна дека турската артилерија погодила 46 цели во Сирија и оти во одговорот учествувале и воздухопловните сили. Според него, убиени се 30 до 35 сириски војници.

-Сите кои со своите напади ја тестираат одлучноста на Турција ќе ја увидат својата грешка, порача Ердоган, додавајќи дека е невозможно да се остане мирен кога војници се нападнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот