Судењето за случајот „Моќник” продолжува на 23 април

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапници на обвинението се јавните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Продолжението на судењето за случајот „Моќник” е закажено за 23 април, откако на денешното рочиште обвинетите се произнесоа дека не го прифаќат обвинението поднесно против нив и не се чуствуват виновни за кривичните дела кој им се стават на товар.

Поопширно образложение во ова имаше еден од обвинетите Шпенд Винца, кој истакна дека се трудел да го разбере обвинителниот предлог, односно негова поврзаност со лица кои, како што рече, ниту ги знаел, ниту ги видел, ниту разговарал со нив.

– Ако има прислушувани разговори нека ги презентират ќе ги признам. Како може човек да влијае врз мене кога првпат го гледам во судница. Обвинителниот предлог го отфрлам во целост и не се чуствувам виновен, изјави обвинетиот Винца при неговото произнесување за вината.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапници на обвинението се јавните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Според Обвинителството, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле „измама”, третообвинетиот дека сторил „измама” и „злоупотреба на службената положба и овластување”. Со обвинителниот акт останатите 10 опфатени лица се товарат дека сториле „злоупотреба на службената положба и овластување”. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски. Меѓу останатите обвинети се и Томе Аџиев, Јанаке Витановски, Новица Велјановски, Ѓорѓи Милошевски, Шпенд Винца, Агим Мехмети и Даут Даути.

– Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на Општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом”, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157 квадратни метри со дворно место од 3.920 квадратни метри во село Ижишта, Општина Македонски Брод, која ја користела Општина Пласница, наведуваат од Обвинителство.

Со продажбата на овој објект, како што посочуваат од Обвинителство, обвинетите нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на Општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.

Во описот на дејствијата што ги презел третообвинетиот, од обвинителство велат дека тој со „особен придонес кон делото” директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник, вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот