Субвенции за жителите на Гази Баба за набавка на сончеви колектори
Годинава за првпат Општина Гази Баба објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка и вградување на сончеви термални колектори.
Препорачано
На граѓаните – купувачи на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови, општина Гази Баба ќе им надомести дел од трошоците во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство за 2024 година, под услов купувачите досега да не користеле средства од буџетот на Репулика Македонија за купување сончеви термални колекторски системи во својот дом – информира градоначалникот Бобан Стефковски.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба кои имаат купено и вградено сончеви колектори во својот дом во периодот од денот на објавување на јавниот повик се до 30 ноември 2024 година односно до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
Како што е наведено во огласот, исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, а по донесување на решенија за одобрување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.


