Студијата на Џон Малкович би се граделе кај касарната „Илинден“, вели бизнисменот Неби Хоџа

Неби Хоџа / Фото: МИА

Бизнисменот и претседател на Стопанската Комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа, во изјава за Фактор вели дека филмските и музички студија, за чија изградба пред неколку дена најави дека е заинтересиран холивудскиот актер Џон Малкович, би се граделе кај касарната Илинден.

– Би се граделе кај касарната Илинден, кај магистралата што го поврзува Скопје со Косово, вели Хоџа.

Претходно „Скопје технолошки парк“, во кој еден од основачите е Хоџа, при основањето во Македонија објави дека технолошкиот парк „СТП“ ќе се гради во близина на центарот на Скопје, со точна локација за која се преговара со Владата да биде во близина на земјиштето што било одземено од семејството на управителот Иван Видаковиќ по Втората светска војна.

Хоџа вели дека продолжуваат преговорите со Владата за прогласување на СТП за стратешки инвеститор, но и дека Видаковиќ нема да се откаже дури и ако не го добие земјиштето.

– Тој е посветен и решен да продолжиме, дури и ако не го добиеме земјиштето, вели Хоџа во изјавата за „Фактор“.

Малкович претходно најави дека тоа ќе биде прв центар од таков тип за снимање на холивудски филмови на Балканот. Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

Деновиве управителот Видаковиќ за медиумите изјави дека апликацијата за проектот е доставена до Владата уште на 27 јануари, но досега немаат повратен одговор.

Шмекот на Холивуд во Скопје, актерот Џон Малкович ќе гради филмски студија кај нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот