Фото: ГРК Охрид

Струмица центар на македонскиот ракомет, денеска ќе гледаме две битки за трофеј

Струмица денеска е во центарот на македонскиот ракомет, каде во салата „Парк“ ќе се одиграат двете финалиња од Купот.

Во машкото финале ќе се соочат Вардар 1961 и Охрид. „Црвено-црните“ влегуваат како фаворити со цел да го одбранат трофејот и да стигнат до вкупно 18-ти во ова натпреварување. За Охрид, пак, ова ќе биде прво финале и можност за историски успех.

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, ќе може да смета на Урош Митровиќ и Милан Лазаревски, кои и покрај исклучувањата во полуфиналето ќе имаат право на настап, бидејќи немаше дополнителни санкции.

Во таборот на Охрид, тренерот Борис Ројевиќ доби позитивни вести, па најверојатно ќе може да смета и на Кеисуке Јасихура, кој се опоравува од повредата заработена против Пелистер. Натпреварот е закажан за 20:00 часот.

Претходно, од 17:00 часот, на програмата е женското финале меѓу Спартак и Ѓорче Петров. Спартак по сензацијата против Чаир ќе игра за својот прв трофеј, додека Ѓорче Петров влегува како бранител на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот