Струга го „нокаутирашe“ Вардар, само бод за Академија Пандев

фото/фејсбук

Денеска се одиграа четири натпревари од 14. коло во Првата македонска фудбалска луга, големо изненадување приреди Струга Трим Лум совладувајќи го лидерот во шампионатот Вардар со резултат 2:1.

Кировски им донесе водство на стружани во 25. минута од средбата, а непосредно пред паузата беше зголемена позитивата преку Тафе (45+1`).

Скопските „црвено-црни“ во вториот дел успеаја само да го ублажат својот втор пораз сезонава од пенал кој го реализираше Мицевски (80`).

Академија Пандев после овој пораз на Вардарци можеше да се доближи на минус два во генералниот пласман, но одигра само реми на гостувањето кај Ренова.

Гостите поведоа уште во осмата минута кога стрелаше Пандев, а „гипсарите“ во 74. минута извлекоа бод преку Адеми.

Потоа, Борец одигра исто така нерешено со Македонија ЃП (1:1), „лавовите“ од Ѓорче беа во предност од 28. минута (Божиновски), а пред крајот на првото полувреме голот за велешани беше дело на Хрватот Прелчец (45+1`).

Во последната пресметка Силекс од Кратово минимално со погодокот на српскиот интернационалец Зеравица реализиран уште во третата минута триумфираше над Шкупи.

Прва фудбалска лига, 14. коло

Сабота, резултати –

Борец-Македонија ЃП 1:1
Ренова-Академија Пандев 1:1
Силекс-Шкупи 1:0
Струга Трим Лум-Вардар 2:1

Недела, 13.00 часот
Работнички-Шкендија

Табела:

1.Вардар 30 бодови
2.Академија Пандев 26
3.Силекс 21
4.Шкендија 18 (-1)
5.Шкупи 18
6.Македонија ЃП 18
7.Струга Трим Лум 18
8.Ренова 15
9.Борец 15
10.Работнички 11 (-1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот