15 C
Скопје

Столтенберг: ЕУ не може сама да ги заштити своите граѓани

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска предупреди дека Европската унија не може сама да ги заштити своите граѓани без помошта на трансатлантската организација, пренесуваат француските медиуми.

Некои лидери на ЕУ инсистираат Унијата да развие поголема „стратешка автономија”, потег што некои го сметаат за создавање  ривалство меѓу Брисел и Вашингтон. Но, Столтенберг, при посетата на Колеџот на Европа, изјави дека земјите-членки на ЕУ кои се членки и на НАТО обезбедуваат само една петтина од вкупните трошоци за одбраната на Алијансата, што ги штити европските територии.

-Европската унија, која троши повеќе за одбраната, која инвестира во нови можности и ја намалува фрагментацијата во одбранбената индустрија, е корисна не само за европската безбедност. Тоа е добро и за трансатлантската безбедност, кажа Столтенберг, разговарајќи со директорката на Колеџот, поранешната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Прочитајте и...  Ќе зажалите по Борисов, Захариева и Каракачанов!

„Но, ЕУ не може сама да ја одбрани Европа. Повеќе од 90 проценти од граѓаните на ЕУ живеат во земја членка на НАТО. Но, членките на ЕУ обезбедуваат само 20 проценти од трошоците за одбрана на НАТО”, посочи Столтенберг.

Генералниот секретар на Алијанската, исто така, истакна дека иако 21 членка на Европската унија се и членки на НАТО, нивните ранливи земји често пати се заштитени од сојузници кои не се членки на ЕУ, и имаат поголеми трошоци за одбрана.

Не станува збор само за пари, туку за географија, рече тој, истакнувајќи ја блиската соработка меѓу двете институции чии седишта се во Брисел.

„Исланд и Норвешка, на север, се портите на Арктикот. Турција на југ се граничи со Сирија и Ирак. И на запад, САД, Канада и Велика Британија ги поврзуваат двете страни на Атлантикот”, кажа тој.

Прочитајте и...  Ќе зажалите по Борисов, Захариева и Каракачанов!

Европската комисија сака да преземе повидлива геополитичка улога со усвојување на посилна надворешна политика и развој на европската одбранбена индустрија.

Некои лидери на ЕУ, особено францускиот претседател Емануел Макрон, отидоа подалеку, прашувајќи се дали стратегијата на НАТО не е во состојба на „мозочна смрт” во светот по Студената војна.

Но, други, вклучувајќи го и Столтенберг, гледаат можност при изборот на Џо Бајден за претседател на САД да ги обноват трансатлантските врски што се распаднаа под администрацијата на Доналд Трамп.

 

Поврзани вести

Филипче: Со измените во законот, цените за лекување на коронавирус во приватните клиники предлагаме да се движат од 40.000 до 305.000 денари

Слободен печат

Радев ја закажа првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент за 15 април

Слободен печат

ВИДЕО | Дисоска: Жените претприемачи треба да добијат помош од владата затоа што се најдоа под поголем удар на пандемијата

Александра Бубевска

ВИДЕО | Ременски: Имаме системски скандал – институционализирани форми на организиран криминал и злоупотреба на биометриските податоци

Слободен печат

Ивент индустрија: Не сме државен непријател, туку компании кои се најмалку поддржани

Слободен печат

СЗО предупредува: Пандемијата достигна критична точка, но има причина за оптимизам

Слободен печат

Остави Коментар