Стојоски со скромен резултат на СП во Доха – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Стојоски со скромен резултат на СП во Доха

Единствениот македонски претставник на Светското првенство ви атлетика кое се одржува во Доха, Јован Стојоски, имаше потпросечен настап во трката на 400 метри. Стојоски делницата ја истрча за 47.92 секунди, време со кое го освои седмото место во својата квалификациска група или вкупно 38. место од 41 пријавен атлетичар.

Најдоброто време во квалификациите го имаше Кирани Џејмс од Гренада кој патеката од 400 метри ја истрча за 44.94 секунди што е речиси за три секунди побрзо од Стојоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close