Стојчев е новиот тренер на ФК Академија Пандев

Ѓорѓе Стојчев доаѓа како наследник на Васоски на клупата на „пандевци“/Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. Раководството на клубот одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот.

Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски.

Стојчев доаѓа како наследник на Васоски кој тренерската кариера ја продолжи во Босна и Херцеговина, поточно во ФК Сараево.

Претходно клубот се освежи со две нови засилувања, 22-годишниот Димитар Митровски кој дојде од Спортинг Лисабон и 27-годишниот напаѓач Пепи Горгиев кој претходно беше дел од албанската Теута.

Како што најави ФК Академија Пандев, првата фаза од зимските подготовки ќе ги одржи во Струмица, на 20 јануари заминува на 12-дневни припреми во Анталија, Турција и планира шест контролни натпревари пред вториот дел од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот