Стојановски очекува иницијативата за аболициите на Иванов да биде прифатена

Иницијативата до Уставниот суд за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година адвокатот Зоран Стојановски ја поднел пред три години.

Стојановски за ТВ24 вели дека немал политички мотиви, а единствена цел за иницијативата со која Уставниот суд би можел да ги воскресне аболициите на екс-шефот на државата Иванов, била заштита на уставноста

– Целта како и на секоја друга иницијатива пред Уставен суд е зачувување на уставноста и законитоста, нема друга цел. Политичките анализи се предмет на работа на политички партии, ова е само уставно-судска работа. Нема допирна точка со политика од аспект на тоа како што сака да се прикаже – вели Стојановски.

Иницијативата ја поднел пред три години, но зошто сега се става на ред не сака да коментира.

– Моето мислење во врска со иницијатвата за Законот за помилување и за Законот за одликувања и признанија е дека задолжително треба да биде усвоена и да бидат поништени и едниот и другиот закон. Тоа е моето очекување – вели Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот