Стојановски: Апелирам до надлежните дека базените се најбезбедни, а ова е базирано и на научни студии

Базените се се уште затворени и покрај тоа што мерките почнаа да олабавуваат. Започната ли е иницијатива да се отворат овие капацитети и тренизните да започнат?

Гостин во Скопски Агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Илија Стојановски, потпретседател на пливачката федерација на Македонија, кој изјави дека барање за отворање на базените е испратено до релевантните институции, но одговор се уште немаат добиено.

-На 7 мај доставивме барање до Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт и Комисијата за заразни болести. Во тоа барање имаше препораки по кои би започнале да работат базените. По неколку денови добивме одговор дека писмото е испратено на разгледување, и очекуваме позитивен одговор за да започнеме со работа“, изјави Стојановски.

Растот на заболени од коронавирус влијае во добивањето на позитивен одговор од властите за отворање на базените.

-Националната пливачка федерација е во постојана комуникација со базените каде што се прават напори тие препораки што побрзо да се спороведат за да се почне со нивно спроведување. Приликава ја користам да апелирам до надлежните дека базените се најбезбедни, а ова е базирано и на научни студии.

Во препораките се направени скици каде контактите се сведени на минимум. Очекуваме на позитивен одговор, но тоа зависи и од растот или падот на заразени и заболени од КОВИД-19, додаде Стојановски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот