Стоилковски: Снаата на Ислам Абази вработена кај Артан Груби сега е во АЕК

Артан Груби ја вработил снаата на Ислам Абази, јавниот обвинител за организиран криминал, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство, обелодени портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференција.

-Ова е документот, од 04.04.2022, одлуката потпишана од Артан Груби, за вработување, каде што на третата страница е името на снаата на Ислам Абази. Од тука, Шпреса Абази експресно преминува во АЕК, каде што е вработена како Советник за одговор на компјутерски инциденти! Ова се јавни податоци, објавени на страницата на АЕК. Директор на АЕК е Јетон Акику, познат и како зет на Невзат Бејта, човекот со кого Абази, како вели, има случајни фотографии, исто како што има фотографии со фамилијата на Али  Ахмети!За потсетување, сопругата на Ислам Абази, од 23 мај годинава е нов обвинител на ОЈО Кичево – рече Стоилковски.

Тој праша дали има се уште некој што верува дека Ислам Абази ќе покрене, иницира истраги за скандалите, аферите, богатењето, самоволието на Артан Груби, на семејството Ахмети коешто без денар стана сопственик на 40 отсто од милионската зделка „Соравија”, за Рамиз Мерко којшто со 30 кривични дека заврши на црната листа? Ислам Абази е нем пред фактите за криминал, па дури и ја прекина комуникацијата со ДКСК.

Тој потсети дека за изборот на Абази, којшто од непознат обвинител со тајно гласање беше избран за ЈО за организиран криминал и корупција, реагираше и меѓународната заедница.

-Оттука, секому му е јасно дека зад декларативните изјави на Артан Груби и на Али Ахмети за барање „сеопфатна истрага” за ДУИ стои сигурност дека ништо нема да биде преземено! Секој ден има нов коруптивен скандал, секој ден испливува нов криминал поврзан со владата и владеењето на ДУИ. Македонија тоне во криминал и корупција, а институциите се однесуваат како партиски штабови на ДУИ, додека СДС ги поддржува само и само за ден повеќе на власт – вели Стоилковски и порача дека само избори се спасот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот