Стивен Кинг за коронавирусот: Како никој не ја предвиде епидемијата? За ова веќе имам пишувано!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Поминаа веќе точно четири децении откако познатиот писател Стивен Кинг го напиша популарниот роман „The Stand“, во кој станува збор за смртоносната епидемија која усмртува поголем дел од човечката популација, а авторот на овој бестселер вели дека му е тешко да разбере како властите не увиделе дека коронавирусот пристигнува.

– Во последните три или четири седмици многу луѓе почнаа да ми велат: „Живееме во светот на Стивен Кинг“. И сè што можам да им кажам е дека би сакал да не е така, – изјави Кинг за Си-ен-ен, чија книга „The Stand“ е продадена во над 350 милиони примероци ширум светот.

– На ова долго се чекаше, ја напишав „The stand“ за пандемијата која уништи половина од човечкото општество и фала му на Бог што оваа ситуација сега не е толку страшна како таа што ја опишав во книгата од 1979 година. Не ми е јасно како никој не е подготвен на ваква ситуација – вели Кинг.

Кинг е познат по своите отворени критики кон Доналд Трамп, особено во врска со неговата реакција на пандемијата, а на својата листа на политичари од кои што е незадоволен се ноѓа и гувернерот на Флорида, републиканецот Рон ДеСантис.

Инсерт од мини-серијата „The Stand“/ Фото: Принтскрин

Кинг потсети дека Трамп од претходно зборуваше дека „ова не е ништо сериозно, односно дека не треба да се грижиме и дека сè ќе биде во ред“.

„ Но, потоа кога берзата почна да „умира“, кога реалноста стана поразлична, Трамп почна да зборува: Само полека. Сè ќе се случи како некое чудо. Сè ќе биде готово до Велигден и ќе имаме полни цркви. За по неколку денови да зборува за карантин“ – истакна Кинг, искажувајќи го своето незадоволство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот