Стил на неделата: Ана Глигорова, режисерка и борец за правда

Ана

Јана Лозаноска, асистент професор по човекови права за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа, тоа е Ана Глигорова, режисерка и борец за правда.

– Да се зборува вистината денес, и да се застане на страната на најобесправените, навистина претставува реткост, но и огромна храброст. Во време на „инстант“ успеси и удобност во животот, да се зборува за и околу репресираните и обесправените, да им се пружи рака и поддршка, бескопромисно да се застане наспроти системот, го можат само оние кои не се плашат. Тоа е Ана Глигорова, режисерка и борец за правда, секогаш во првите ударни редови, носител на промени, мошне бавни, но постојани. Тоа е личноста која не се откажува и покрај борбата со ветерници и спротивставување со сите оние аспекти кои најјасно говорат за ова општество кое е во постојана транзиција, дваесет години наназад. Општество кое ги заштитува елитите, и во кое владеењето на правото и правдата се светлосни години оддалечени од секојдневието и луѓето кои го сочинуваат истото. Ана е истовремено чувар и просветител за вистинското значење на правдата, вели Лозаноска.

Јана Лозаноска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот