Стево Крстевски е назначен за в.д. директор на Фондот за здравство

Фото: Принтскрин

Владата на вчерашната седница за в.д. директор на Фондот за здравство го назначи 36-годишниот Стево Крстевски од Велес, актуелен советник од Коалицијата на СДСМ во сегашниот состав на Советот на Општина Велес, и сопственик на Книговодствено биро и консалтинг во Велес.

Крстевски за МИА изјави дека очекува решението да го добие во петок, по што и официјално ќе стапи на функција.

Неговата нова функција е неспоива со советничкото место, и тој треба да биде разрешен од функцијата советник, а на негово место да биде избран нов член во Советот на Општина Велес од коалицијата на СДСМ.

Ќире Гајдов на Советот на Општина Велес за МИА изјави дека неговото разрешување најверојатно ќе биде на утрешната седница на Советот, а на следната седница треба да се избере нов член. Тој информира дека следен на листата од Коалицијата на СДСМ е Злате Малинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот