Стејт департмент: Утре стапува на сила примирје во Нагорно Карабах

Стејт департмент/ Фото: МИА

Во понеделник наутро ќе стапи на сила хуманитарно примирје во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах, се наведува во заедничко соопштение на американскиот Стејт департмент и владите на двете соседни земји објавено во Вашингтон, јавува Ројтерс.

Агенцијата додава дека во одвоено соопштение на ОБСЕ, посредник во мировните преговори околу Нагорно Карабах, областа во Азербејџан со мнозинство ерменски жители, а кои ја предводат Франција, Русија и САД, соопштила дека министрите за надворешни работи на тие земји, ќе се состанат повторно на 29 октомври.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека конфликтот меѓу ерменските и азербејџански сили во Нагорно Карабах може „лесно да се реши“ и додаде дека САД „ќе направат нешто за тоа“.

ВИДЕО: Трамп тврди – „Конфликтот во Нагорно Карабах може лесно да се реши“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот