ВИДЕО: Трамп тврди – „Конфликтот во Нагорно Карабах може лесно да се реши“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека конфликтот меѓу ерменските и азербејџански сили во Нагорно Карабах може „лесно да се реши“ и додаде дека САД „ќе направат нешто за тоа“.

„Така што сега ја имаме Ерменија. Погледнете ја Ерменија, тие се неверојатен народ, се борат ѓаволски добро, и знаете што, ќе направиме нешто за тоа, затоа што знаете дека Ерменија имаше тежок пат“, рече Трамп за време на предизборниот собир во Њу Хемпшир.

Како што пренесува агенцијата Армен прес, Трамп рекол дека во саботата во Охајо имал повеќе предизборни собири и дека на еден од нив се сретнал со група на Ерменци.

– Во Охајо имавме огромна група на Ерменци со знаме и со цела таа приказна… Ќе биде тоа океј. Тоа може лесно да се реши. Одите и кажете го тоа на вашиот народ. Ерменија, лесно е тоа да се реши ако знаете што треба да се направи, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот