Стефковски избран за претседател на Скопски плански регион

Бобан Стефковски/ Фото: Фејсбук

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски е избран за Претседател на Скопски плански регион.

-Им благодарам на сите колеги градоначалници кои едногласно ме избраа за претседател на Скопски плански регион. Рамномерниот развој ќе биде наш приоритет во иднина за да нема заборавени општини. Очекувам соработка со сите општини и институции, заедно да градиме силна локална самоуправа со развиени општини – изјави градоначалникот Стефковски.

Видео на денот