Стефановски подготвен за тркачкиот викенд во Хрватска

фото: фејсбук/игор стефановски иџе

Како што и самиот најавува, конечно на тркачка патека, „летечкиот“ Македонец е подготвен за возбудувањата на ТЦР натпреварувањето на Источна Европа.

Игор Стефановски со нетрпение очекува да настапува на автомодромот Гробник (Хрватска). В сабота (25 јули) ќе се одржат квалификациите, а наредниот ден се двете трки.

Според најавите нашиот Иџе ќе се натпреварува со фантастични возачи, вкупно 17, помеѓу нив и актуелниот шампион во натпреварувањето, Милован Весниќ. Токму Весниќ беше дел од тимот на Стефановски во периодот кога возеше на трката во Имола.

Тука се наоѓа и неговиот ривал од ЕТЦЦ шампионатот 2017, Петар Фулин, а не се заборава и двократниот европски шампион, Душан Борковиќ.

Едвај чекам да започне оваа сезона и да бидам на патеката и се сретнам со пријателите. Ќе го дадеме максимумот, да ги направиме горди бидат фановите и Македонија – вели Стефановски кој додаде дека трката ќе биде како вовед во првиот викенд од август во рамките од главното натпреварување годинава, ТЦР Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот