Стефан Стефановски ќе учествува на Светското првенство во картинг

фото: facebook.com/stefan.stefanovski

Единствениот балкански претставник, севкупен победник на шампионатот во картинг е 12 годишниот Стефан Стефановски.

Се натпреварува во Национални картинг серии во Бугарија и оваа година стана шампион во Ротакс Мини Макс класата.

Со оваа титула доби Тикет за учество на Светско првенство во Бахреин на кое ќе учествуваат 400 шампиони од цел свет.

На приемот во Агенцијата за млади и спорт каде зборуваше за импресиите од шампионатот и очекувањата од Бахреин, каде од 2 до 4 декември ќе се вози на многу побрза и поширока стаза во конкуренција на 80-100 најдобри картинг-тркачи во класа 9-14 години.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски потенцира дека АМС секогаш ги поддржува младите македонски спортски таленти и му посака на Стефан успешно и достоинствено претставување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот