Статистика: Пад на индустриското производство во октомври за 5,2 отсто, а од почетокот на годината за 11,3

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Индустриското производство во октомври годинава бележи пад од 5,2 отсто во однос на октомври 2019 година, а од почетокот на годинава до октомври во однос на периодот јануари-октомври лани има пад од 11,3 отсто, објави Државниот завод за статистика

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во октомври во 2020 година, во однос на октомври во 2019 година, бележи опаѓање од 1,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,7 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, на пијалаци, на текстил, на облека, производство на други неметални минерални производи, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, на електрична опрема и производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во октомври во 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 0,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 3,3 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 35,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто, додека пораст бележи кај капитални производи за 1,3 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот