СТАРЕЕ КАКО ВИНОТО: Една од најдобрите европски глумици има 55 години и е сè позаносна

Profimedia

На отворањето на Венеција филм фестивал, во морето славни убавици посебно внимание на себе привлече легендарната Жилиет Бинош, една од најталентираните европски глумици.

Оваа прекрасна дама покажува дека старее како виното и дека од година во година е сè поубава и позаносна.

На црвениот тепих прошета во гламурозна сатенска тоалета, а акцентот го стави на бујното деколте и голите раменици.

Фустанот ја истакна нејзината сензуалност и фигурата, а го искомбинира со сребрени високи потпетици и впечатливи обетки.

Изненади и со таканаречената „мокра фризура“, надополнета со шминка во загасити тонови.

Žilijet Binoš
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот