Стапката на детска сиромаштија во Аргентина близу 70 проценти

Аргентина сиромаштија / Фото EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Во првиот квартал од оваа година стапката на детска сиромаштија во Аргентина може да достигне 70 отсто, предупреди Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

УНИЦЕФ наведува дека стапката на сиромаштија во оваа јужноамериканска земја рапидно расте, бидејќи на крајот на минатата година изнесувала 57 проценти.

Агенцијата наведува дека ваквата состојба е одраз на високата инфлација, слабеењето на економскиот раст и мерките за штедење во земјата.

УНИЦЕФ предупредува дека бројот на екстремно сиромашни луѓе во Аргентина може да се зголеми на 34 отсто од 19,4 на крајот на 2023 година и повика на поголеми трошоци за да се заштитат животите на децата.

-Доколку продолжат сегашните трендови, сиромаштијата кај децата и адолесцентите во првиот квартал од 2024 година би достигнала вредности од приближно 70 отсто, рече специјалистот за социјално вклучување и мониторинг на УНИЦЕФ, Себастијан Ваисграис.

Британските медиуми потсетуваат дека новиот десничарски претседател на Аргентина, Хавиер Мајли, се залага за мерки за штедење за да се смени длабокиот фискален дефицит, да се вратат резервите и да се стабилизира економијата, но тоа има влијание врз економскиот раст и зголемената сиромаштија.

-Свесни за фискалните ограничувања со кои се соочува земјата, УНИЦЕФ бара децата и адолесцентите да бидат приоритет, за да не се зголемува сиромаштијата дополнително, додаде Ваисграис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот