Српските фриленсери пред македонската амбасада во Белград

Барам од српската Влада, Министерството за финансии и Даночната управа на Србија итно да седнат на преговарачката маса и да го решат проблемот со оданочувањето на фриленсерите што е можно поскоро, изјави Миран Погачар, претседател на Здружението на работници на интернет по доставувањето писмо до Амбасадата на Северна Македонија во Белград со кое се бара официјален одговор за тоа како се оданочуваат платите на дигиталните работници во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Здружението на работници на Интернет ја повика Владата на Србија да ги обнови преговорите со нив за статусот на фриленсери што е можно поскоро.

– Ние ги предадовме нашите прашања на земјите кои го регулираа статусот на фриленсери. Пред сè, мислам на Северна Македонија, но исто така и на Хрватска, Унгарија, Бугарија, Босна и Херцеговина, изјави Миран Погачар, се наведува во соопштението на Ури.

Според претставниците на УРИ, Северна Македонија го решила ова во 2015 година, така што фриленсeрите и самовработените граѓани плаќаат 10 отсто од даноците, додека придонесите се на доброволна основа и не се собираат даноци и придонеси наназад, како што во моментов тоа е случај со властите во Србија.

Тој исто така изјави дека во други земји постојат законски регулативи кои се однесуваат на работата на фриленсер и дека тие се далеку поповолни од она што се планирана во Србија.

Погачар исто така објасни дека ќе побара од амбасадите на земјите што се одлучиле за статусот хонорарни службеници официјално да објават информации за тоа, за да бидат достапни за српската јавност.

– Во секој случај, ние не сме тука да бараме такво нешто, ова е прашање на информирање, објасни претставникот на УРИ на прес-конференција пред Амбасадата на Северна Македонија.

Тој истакна дека фрленсрите бараат од Владата на Србија, Министерството за финансии и Даночната управа „итно” да седнат на преговарачката маса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот