Српскиот репрезентативен голман Миленковиќ потпиша за ГРК Охрид

Александар Миленковиќ е новиот голман на суперлигашот Охрид/фото: facebook/ГРК Охрид

Нов играч на ракометниот клуб Охрид е српскиот интернационалец Александар Миленковиќ кој ќе го носи „сино-белиот“ дрес.

Миленковиќ е инаку репрезентативец на Србија, има богата ракометна кариера и е огромно засилување на голманската позиција за ГРК Охрид.

Во клубот доаѓа по две години поминати во Израел, висок 200 см, тежок 125 кг., има шест официјални настапи за сениорската репрезентација на Србија.

Претходно ги бранеше и боите на Мокра гора Зубин Поток, Слога Пожега, Металопластика Шабац, Партизан, Нови Пазар, Политехника Темишвар, Бершева и Макаби Кириат Мокин.

Моментно во групата „А“ од македонската домашна ракометна Суперлига составот на Охрид е на третото место со 18 бодови, зад Вардар 1961 (27) и Алкалоид (24).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот