Српскиот ас останува без 2.000 бодови, Ѓоковиќ го губи првото место!?

Новак Ѓоковиќ може да падне дури на третата позиција на АТП/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Доколку Новак Ѓоковиќ не учествува на првиот грен слем годинава, „Австралија опен“, според најавите скоро сигурно го губи првото место на АТП ранг листата.

Може да биде и полошо за српскиот ас кој може да падне дури на третата позиција на светскиот АТП ранкинг.

Минатата сезона го освои трофејот во Мелбурн, па сега брани вкупно 2.000 илјади бодови, секако доколку добие право да настапи на „АО“.

Зад Ѓоковиќ се Русинот Данил Медведев и Германецот Александер Зверев кои имаат шанса во случај да дојдат до завршницата, бидат пред Ноле на АТП листата.

Како што е веќе познато, на најдобриот тенисер на светот му е забрането да настапува во Мелбурн и наредена е негова итна депортација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот