Хронологија на една брука и срамота: Дали ова го заслужи најдобриот тенисер на светот?

5 јануари 2022 година нема да го памети по добро Новак Ѓоковиќ: Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Незаборавен ден е зад нас, на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ му е забрането да настапува на првиот грен слем годинава, „Австралија опен“, наредена е негова итна депортација од Мелбурн. Депортација за некое време ќе биде одложена, односно на 10 јануари е закажано рочиштето на Австралискиот Федерален суд, по што и официјално ќе се дознае дали Србинот има сепак можност да игра на турнирот.

Се чинеше дека со добивањето на медицинско ослободување, изземање за вакцинација, Ѓоковиќ успеа да ја „затвори“ целата драма за неговото учество. Ситуацијата дополнително ја вжештија Австралијците кои не му дозволија на српскиот тенисер да излезе од авионот и да влезе во Мелбурн, за подоцна да почне тениската „теленовела“. Имаше проблем со визата, а со тоа и првите шпекулации дека светскиот рекет број 1 нема да може да настапи на „АО“.

Ѓоковиќ не ги понуди потребните докази за да добие виза

Исклучокот што го доби од медицинските стручњаци во Австралија не беше доволно да се „победи“ во борбата против тамошните власти кои евидентно ја искористија ситуацијата за да си соберат поени.

– ЕТИКЕТИРАН КАКО НЕКОЈ ШТО ГО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНОТ

Сето ова започна околу 23.15 часот по локално време, кога Ѓоковиќ со лет од Дубаи слета во Мелбурн, каде веќе Австралијците не му дозволуваат да излезе од авионот. По половина час мачење, првиот светски рекет успеа да влезе во царинската зона, каде се појавија информации дека е пополнет погрешен формулар за виза, што ја доведе во прашање и валидноста на медицинското ослободување. Набргу потоа, Ѓоковиќ беше приведен во имиграциски притвор.

И владата на Австралија потврди дека го одби Ѓоковиќ

Австралиската министерка за спорт, Џала Пулфорд од Законодавниот совет на Викторија веднаш изјави дека Србинот нема да добие виза. Таа на својот официјален Твитер профил објави дека добила прашање од Владата дали на Ѓоковиќ ќе му биде дадена виза и дека нејзиниот одговор бил дека нема да ја добие од нив, но тоа не значи дека нема да може да остане во Австралија. Ѓоковиќ имал виза со која не може да влезе како невакциниран со медицинско ослободување. Тие ја повикаа владата на Викторија од границата да го одобри влезот на Ѓоковиќ.

Царината побара поддршка од владата на Викторија за да му го олесни влезот на Новак во Австралија, бидејќи владата е партнер со Тенис Австралија, кој е одговорен и за доаѓањето на Новак во Мелбурн. Владините претставници на Викторија побараа од федералните власти да поднесат писмено барање и на крајот одбија да ја поддржат визата на Новак.

Се огласи и таткото на Новак: Депортација, нашата гордост се враќа дома

– ЃОКОВИЌ ВО ПРИТВОР, ЧАСОВИТЕ ПОМИНУВАА, БЕЗ НИКАКВИ ШАНСИ

Поминаа часови, а немаше вести за одобрување. Сомнежот полека се вовлекуваше во срцата на сите оние кои го чекаа тоа судбоносно „ДА“ од австралиските власти и сонуваа Новак да влезе во историјата на светскиот спорт како апсолутен рекордер. Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак, истакна дека неговиот син е во притвор, а дека е сместен во просторија на аеродромот во која никој не смее да влезе!

– Ова е борба за слободарскиот свет, ова не е само борба за Новак, туку борба за целиот свет! Ако не го пуштат за половина час, ќе се собереме на улица, ова е борба за сите! – рече Срѓан Ѓоковиќ. Еден час подоцна, новинарот на австралискиот магазин „The Age“, Пол Сакал, објави загрижувачки тонови:

Двојни аршини: Ѓоковиќ одбиен, а тројца тенисери кои навеле идентична причина добиле виза

– Шест часа по слетувањето, Новак сè уште е на сослушување на аеродромот. Граничната полиција ја прегледува документацијата што треба да го оправда неговото медицинско ослободување од вакцинација. Колку подолго трае, толку е помала веројатноста на Новак да му биде дозволен влез во Австралија – напиша Сакал.

– ИМАШЕ ПОДДРШКА, НО И НАВРЕДИ КАКО „НЕВАКЦИНИРАНО МАГАРЕ“

Заврши сослушувањето на Новак, без официјална одлука за влез во Австралија. Светските медиуми не престанаа да го прозиваат српскиот тенисер, германските новинари упатија срамни обвинувања против Ѓоковиќ, како: „Тој беше најнеодговорниот за време на пандемијата, а сега доби изземање“.

За „Шпигел“, потенцијалното учество на Новак во Австралија го нарече „нова епизода во серијата бегства на тениската ѕвезда кога станува збор за здравствени проблеми“. Критики за најголемиот тенисер не доаѓаа само од странски медиуми, туку и од домашни фактори. Имено, српскиот политичар Ненад Чанак го навреди Новак Ѓоковиќ нарекувајќи го „невакцинирано магаре“, откако медиумите објавија дека Ѓоковиќ е во имиграциски притвор во Мелбурн, каде што го обезбедувале двајца полицајци.

Српските медиуми открија зошто Новак не мора да се вакцинира: Ѓоковиќ има ретка болест

Од друга страна, имаше светски луѓе кои го поддржаа Ѓоковиќ, како Ричард Гренел, поранешен советник на Трамп, но и Бред Гилберт, еден од ретките тенисери што имаше храброст да застане покрај српскиот тенисер. Пораки за поддршка стигнаа и од бројни српски спортисти и клубови.

– АВСТРАЛИСКИТЕ БАРАЊА ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА И ЃОКОВИЌ

На Ѓоковиќ му беше одбиена визата и најави дека ќе биде депортиран од Австралија! Главната причина е австралискиот премиер, Скот Морисон кој не му дозволи на најдобриот тенисер на светот и најдобриот спортист на светот и веднаш нареди да се „спакува Србинот со првиот авион назад“.

– Мојот став за сè е дека секој што бара влез во Австралија мора да ги почитува нашите барања. Новак Ѓоковиќ, кога ќе пристигне во Австралија, доколку не е вакциниран, мора да покаже прифатлив доказ дека не смее да се вакцинира од медицински причини, за да има исти аранжмани за патување како и целосно вакцинираните патници. Чекаме да се појави и какви докази ќе бидат доставени за да го поткрепат. Доколку тој доказ не е доволен, нема да биде постапен поинаку и ќе биде испратен следниот авион дома. Не треба да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ. „Засега“ – рече Морисон.

Министерката која му забрани влез на Ѓоковиќ, пред ТВ камерите изјави дека сака Надал да победи во Мелбурн

Австралиските гранични сили излегоа со официјално соопштение во кое се наведува дека визата за најдобриот тенисер на светот кој ќе биде депортиран дефинитивно е одбиена. Набргу потоа се огласи и австралиската влада која детално ја објасни ситуацијата во врска со депортацијата на првиот рекет во светот.

– Ќе продолжиме да ја обезбедуваме Австралија со тоа што ќе се осигуриме дека секој човек што ќе пристигне на нашата граница мора да ги почитува нашите закони и условите за влез. Нашата служба со ова потврдува дека Новак Ѓоковиќ не успеал во обидот да достави соодветни докази за да ги исполни условите за влез во Австралија, поради што веднаш му била одбиена визата. Патниците кои немаат австралиско државјанство и виза за влез во земјата, како што е случајот со Ѓоковиќ, ќе бидат приведени и депортирани на нивниот прв лет од Австралија – се вели во соопштението на Австралијците.

Нема сомнеж дека е прилично срамота, како за австралиската влада, така и за целиот тениски свет, и дека Ноле од сето ова ќе излезе уште посилен. Дали најдобриот спортист на светот заслужи вакво нешто? Дали затоа што доаѓа од мала земја или затоа што не сака да го открие статусот на вакцинација? Што и да е, 5 јануари 2022 година ќе влезе во историјата како темна дамка на светскиот тенис, особено на „Австралија Опен“.

Тони Надал со критики кон Ѓоковиќ: Се надевам дека е свесен дека починаа шест милиони луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот