Српски полицаец два пати за 10 минути се обидел да се самоубие

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

По успешна интервенција, полицаецот бил префрлен на босанската страна на крајбрежјето, а потоа со брза помош бил пренесен во болница.

Униформиран припадник на граничната полиција на Србија скокнал од мост на Сава, во пограничниот гран Сремска Рача, на Српско-босанската граница. Немилиот настан се случил околу 19.40 часот.

За среќа во близина имало тимот од Здружението на спасители на вода на Србија кои го забележале обид за самоубиство. Брзо реагирале и го спасиле полицаецот.

Потоа следела уште поневеројатна сцена бидејќи полицаецот се обиде да скокне од чамецот за спасување, но спасувачите ја спречија неговата намера.

По успешна интервенција, полицаецот бил префрлен на босанската страна на крајбрежјето, а потоа со брза помош бил пренесен во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот